Утрински Весник
Спорт

Елче освои бод на „Корнелуис Плат“

Елче освои бод на „Корнелуис Плат“

Фудбалерите на Еспањол и Елче одиграа, 2:2, во натпреварот од 11. коло на шпанската Примера.

dobivaj vesti na viber

Гостите неочекувано поведоа во 11. минута. Лукас Боје упати добар центаршут, а напаѓачот Пере Миља со глава ја испрати топката зад грбот на голманот на Еспањол Лекомт.

Еспањол набрзо израмни. Се играше 24. минута кога Еду Еспозито го проигра Хави Пулидо, а домашниот напаѓач го постигна првиот гол сезонава.

Пресврт за домашниот тим донесе поранешниот напаѓач на градскиот ривал Барселона, Мартин Брејтвејт со гол во 67. минута.

Гостите не се предадоа, најдоа сили да се вратат во игра и израмнија на осум минути пред крајот на натпреварот. Бод на Елче му донесе капитенот Гонзало Верду.

Последната шанса за Еспањол ја имаше Нико Меламед, неговиот удар од 25 метри во последните секунди од натпреварот заврши во пречката.

Елче и по 11 рунди се уште нема победа во Примера, се наоѓа на последното место со четири поени, Еспањол со 10 бода е на 13. позиција.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија