Утрински Весник
Свет

(Видео) Кадиров објави снимка: „Синовите ми донесоа подарок од бојното поле“

(Видео) Кадиров објави снимка: „Синовите ми донесоа подарок од бојното поле“

На каналот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е објавено ново видео во кое неговите три малолетни сина му носат „подарок“ од бојното поле – тројца затвореници.

dobivaj vesti na viber

Како што може да се види на видеото, Кадиров со ентузијазам ги пречека своите синови.

Претходно денеска Кадиров на својот канал на Телеграм изјави дека неговите малолетни синови го посетиле бојното поле во Украина. Најстариот има 16 години, а најмладиот 14.

„Ахмат, Ели и Адам се приближија до непријателските позиции и им пружија огнена поддршка на нашите борци“, објави Кадиров.

Тој, исто така, тврди дека неговите синови „контактирале со чеченските борци кои се борат на украинската страна и им рекле да дојдат на фронтот и да ја покажат својата посветеност на европските вредности во битката“.

Овие информации не се независно потврдени.

Кадиров на 3 октомври објави дека планира да ги испрати своите синови на фронтот во Украина.

„Дојде време тие да се докажат во битка“, рече тогаш Кадиров, додавајќи дека неговите деца почнале воена обука „на многу рана возраст“.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре