Утрински Весник
Магазин

Оливија Вајлд го откри рецептот за прелив за салата како одговор на наводите на поранешната дадилка

Оливија Вајлд го откри рецептот за прелив за салата како одговор на наводите на поранешната дадилка

Оливија Вајлд сподели рецепт за прелив за салата откога наводна измислица предизвика кавга меѓу актерката и нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Судекис.

dobivaj vesti na viber

Режисерката на „Не грижи се, драга“ (38) рецептот го сподели во „Инстаграм-приказна“ во вторникот вечерта, два дена откако поранешната дадилка откри дека Оливија и Џејсон се скарале кога тој сфатил дека го подготвила нејзиниот „специјален прелив за салата“ за сегашното момче Хари Стајлс.

Оливија го сподели во форма на извадок од романот Heartburn на Нора Ефрон, авторката на „Кога Хари ја запозна Сали“, за кој се смета дека е верзија на нејзината разделба од поранешниот сопруг и познат новинар Карл Бернстин.

Рецептот за винегрет од црвено вино вклучува сив пупон-сенф, црвен вински оцет и маслиново масло и е речиси идентичен со оној што Оливија претходно го сподели со Food Network (мрежа за храна) како дел од инструкциите за тоа како да се приготви салата од печен лосос со тиквички и компири – иако во нејзината верзија додаде мед, кошер-сол и ситно сечкано чешне лук.

Оливија и Џејсон во понеделникот објавија заедничко соопштение во кое ја критикуваа поранешната дадилка на нивните деца за „лажни и злобни обвиненија“.

Тие возвратија кога нивната поранешна дадилка – која работеше кај нив повеќе од три години – даде интервју за „Дејли мејл“, во кое таа упати низа обвинувања, вклучително и едно за однесувањето на Џејсон во време на распадот на бракот со Оливија и рече дека тој ја отпуштил.

Поранешната двојка изјави за „Пејџ сикс“: „Како родители, неверојатно е вознемирувачки да дознаеме дека поранешната дадилка на нашите две мали деца се реши јавно да упатува такви лажни и злобни обвинувања за нас“.

Оливија и Џејсон исто така ја обвинија дадилката за „18-месечна кампања на вознемирување на саканите, блиските пријатели и на колегите, а со ова го достигнала својот врв“.

Можете да прочитате

Крвната група може да биде клуч за слабеење

Зголемен ризик од мозочен удар кај младите кои консумираат алкохол

Никогаш не заспивајте со шминка!