Утрински Весник
Магазин

Мизогината омраза кон Анџелина Џоли е како Амбер Херд дежа ви

Мизогината омраза кон Анџелина Џоли е како Амбер Херд дежа ви

„Не знам што се случило меѓу Џоли и Бред Пит, но будните на социјалните мрежи очигледно решија дека знаат,“ пишува Арва Махдави, колумнистка на британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Холивуд ги сака своите римејкови. На почетокот на оваа година, сите очи беа вперени во мизогиното судење за клевета Џони Деп против Амбер Херд. Деп победи, а Херд беше јавно растргната.

А долготрајната правна битка меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит ескалира, изгледа депресивно и се чини дека Џоли ќе го добие третманот на Херд, пишува колумнистката и додава: еве како стојат работите: Џоли поднесе барање за развод од Пит пред шест години, но разводот сè уште не е финализиран бидејќи актерите сè уште се расправаат за старателство над нивните деца и имотот (имаат многу и од двете).

Пит ја обвини Џоли дека тајно продала удел во нивната винарија „Шато Миравал“ на руски олигарх. Некако инвазијата на Украина се вовлече во сето ова, при што Пит тврди дека руските врски му наштетиле на брендот на винаријата.

Во меѓувреме, Џоли поднесе противтужба во која го обвинува Пит за семејно малтретирање на летот во 2016 година. Во судските документи, таа тврди дека Пит гушел едно од децата, а на друго му удрил шлаканица, и дека ја фатил Џоли за глава и ја затресол. ФБИ ги разгледа наводите, но не поднесе кривична пријава. Извори блиски до Пит ги негираат верзиите на Џоли за настаните.

„Немам поим што е вистина, очигледно. Она што знам е дека вистината не им е важна на многу луѓе. Откако Џоли неодамна го обвини Пит за насилство, таа беше наречена лажга од будните на социјалните мрежи, стана предмет на мизогини видеа на Јутјуб и ја нарекоа уште една Амбер Херд,“ се наведува во колумната.

Американската озборувачка веб-страница „ТМЗ“ пренесе тврдења дека Анџелина Џоли започнала клеветничка кампања против Бред Пит и дека ги труе нивните деца со невистини со цел да се завртат против него“.

„Повторно, не знам што е вистина во сето ова. Но, едно е јасно: судењето Деп против Херд не заврши кога дојде пресудата на поротата,“ стои во колумната објавена во „Гардијан“.

„Секоја жена, без разлика колку е позната, штом ќе проговори за моќен маж ќе биде третирана како Амбер Херд 2.0. Деп напиша плејбук, кој мажите обвинети за недолично однесување се чини дека многу се желни да го копираат.“

Можете да прочитате

Македонско девојче ечеше од соблекувалната на Њукасл (ВИДЕО)

„Модата е вечна: Одржливост и иновации на 29-тиот Моден Викенд Скопје“

Зголемено опаѓање на косата во есен: Причини и начини за справување