Утрински Весник
Култура

Премиера и прва реприза на дуодрамата „Кенди“ во МКЦ

Премиера и прва реприза на дуодрамата „Кенди“ во МКЦ

На 23 и 24 октомври во МКЦ ќе се одржи премиера и прва реприза на дуодрамата „Кенди“.

dobivaj vesti na viber

Во неа се зборува за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.

Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Дизајн на светло: Ерик Омераѓиќ
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје

Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и е поддржан од Министерство за култура.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“