Утрински Весник
Спорт

Шпанските клубови подготвуваат штрајк против Суперлигата

Шпанските клубови подготвуваат штрајк против Суперлигата

Клубовите од Ла Лига ја разгледуваат можноста за штрајк со цел да извршат дополнителен притисок врз властите да донесат закон со кој би се блокирала можноста, во иднина некој да се приклучи на проектот Суперлига.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, продолжува да инсистира дека Суперлигата е иднината на клупскиот фудбал во Европа и цврсто се држи до својот план кој пропадна пред година и половина за само 48 часа.

Шпанските клубови, Реал, Барселона, заедно со Јувентус се уште се држат до својата страна на приказната. Сите други клубови се откажаа од оваа идеја под притисок на навивачите, политичарите и УЕФА.

Се чини дека сега клубовите решија да му застанат на патот на Перез со тоа што целата приказна ќе ја направат политичка.

Четиринаесет клубови од Примера наводно се закануваат со штрајк доколку владата не донесе закон за забрана на Суперлигата. Според шпанските медиуми, тие во текот на денот треба да се сретнат со министерот за спорт Мигел Исет од кого ќе бараат гаранции дека ова прашање ќе се реши и дека ќе се смени Законот за спорт за да се блокира оваа идеја.

Наводно, клубовите се подготвени на штрајк следниот викенд доколку не бидат прифатени нивните барања. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ги информирал клубовите за можен штрајк кој би можел да започне на 28 октомври.

Се додава и дека 39 од вкупно 42 клуба во двете најсилни шпански лиги се за забрана на идејата за Супер лигата. Против се Реал, Барселона и Атлетик Билбао, но медиумите пипуваат дека и овие три клуба ќе го поддржат штрајкот.

Можете да прочитате

Бронза за македонската џудистка Ива Богдановска на Балканското првенство во Тирана

Едисон Кавани и Бока Јуниорс ја продолжија соработката

Симоне Инѕаги експресно го одби Манчестер Јунајтед