Утрински Весник
Спорт

Алегри: Кој фантазира дека Киеза и Погба се подготвени?

Алегри: Кој фантазира дека Киеза и Погба се подготвени?

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, мораше да ја објасни состојбата на неговите клучни играчи Федерико Киеза и Пол Погба, кои долг период се надвор од терените поради сериозни повреди. Ова беше неопходно бидејќи се појавија информации дека двајцата се подготвени за игра.

dobivaj vesti na viber

„Киеза и Погба подготвени? Тоа се фантазии“, рече тренерот на прес-конференцијата во пресрет на домашниот натпревар на неговиот тим против Емполи.

„В сабота ќе играме контрола за да провериме во каква состојба е Федерико. Пол нема тренирано сериозно од 23 јули. А до следниот вторник остануваат само пет дена. Би било вистинско лудило да им дадам шанса”, изјави тренерот на „старата дама“.

Јувентус во вторник гостува на Бенфика во Лигата на шампионите и се освен победа за „бјанконерите“ ќе значи дека тимот нема да се пласира во следната рунда. Но, фокус е мечот со Емполи.

„Нема да биде лесно против Емполи. Лани нè победија дома“, се присети Масимилијано Алегри.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери изненадени од специјален гостин на денешниот тренинг

Реал без Факундо Кампацо против Партизан

Канатларовски: Секој повик во репрезентацијата сам по себе претставува голем мотив