Утрински Весник
Спорт

Фјури го потврди новиот боксерски спектакл – дуел со Чисора

Фјури го потврди новиот боксерски спектакл – дуел со Чисора

Британскиот боксер Тајсон Фјури објави дека на 3 декември во Лондон третпат ќе боксува против сонародникот Дерик Чисора. Фјури (34) ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија на стадионот на Тотенхем во Лондон. Тоа ќе биде нивна трета борба, а Фјури победи во претходните две, во 2011 и 2014 година, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Фјури е без пораз во 32 борби, а 38-годишниот Чисора, кој е при крај на кариерата, во последните четири меча загуби трипати.

Чекора влегува во мечот по победата против Кубрат Пулев во јули, а Фјури го победи Дилијан Вајт во април.

По таа победа, тој најави крај на кариерата, но се премисли и неуспешно се обиде да организира борба против Ентони Џошуа.

Фјури сака и борба против Украинецот Олександр Усик за сите преостанати титули во тешка категорија – ВБО, ВБА и ИБФ. Се очекува борбата да се одржи на почетокот на следната година.

Можете да прочитате

Шест недели Ливерпул без Алисон

Во финалето на ВНБА ќе играат Минесота Линкс и Њујорк Либерти

Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат обложувачници и казина