Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија, Метју Лосон

Мицкоски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија, Метју Лосон
Img 7972

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски се сретна со новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Мицкоски му посака добредојде и му честита за назначување на функцијата и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија, потенцирајќи дека во интерес на државата и граѓаните потребно е продлабочување на соработката и добрите односи меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза.

Мицкоски рече дека власта лошо менаџира со институциите и тоа е една од причините зошто Македонија се соочува со енергетската криза, објаснувајќи дека доколку се направи на време план за модернизација на производните капацитети со кои располага тогаш Македонија наместо увозно зависна земја, ќе има доволно електрична енергија да извезува.

Во однос на надворешната политика, Мицкоски го информираше амбасадорот Лосон дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и работи исклучиво во интерес на граѓаните и за зачувување на државните и национални интереси, укажувајќи дека има визија, план и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорот Лосос за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.

Можете да прочитате

(Видео) Врие полиција на „Гологанов“ масовна тепачка на две групи во една кафеана

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, не беше криминалец