Утрински Весник
Спорт

Лула: Нејмар го подржува Болсонаро поради тоа што му го простил данокот

Лула: Нејмар го подржува Болсонаро поради тоа што му го простил данокот

Поранешниот бразилски претседател и кандидат во новите избори во оваа земја Луиз Игнасио Лула да Силва го обвини фудблерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар дека дал поддршка на неговиот ривал, десничарскиот актуелен претседател Жаир Болсонаро бидејќи бил „мотивиран“ од проштевање на парите кои требал да ги плати како данок.

dobivaj vesti na viber

Минатиот месец, Нејмар ги повика Бразилците да гласаат за Болсонаро во првиот круг на изборите, и сега пред клучниот втор круг на 30 октомври, Лула е фаворит за победа.

„Нејмар има право да избере кој сака да му биде претседател. Мислам дека му е страв дека ако ги добијам изборите ќе дознаам дека Болсонаро му ги простил даноците. Мислам дека затоа се плаши од мене. Очигледно е дека Болсонеро се договори со таткото на Нејмар. Сега, затоа има проблем со данокот во Шпанија“, вели Лула.

Последните анкети го поставуваат Лула во предност со 53 отсто од гласовите, додека Болсонаро добива 47 отсто.

Нејмар ги повика своите фанови да гласаат за десничарскиот претседател Болсонаро

Можете да прочитате

Џејмс Варди заминува во Саудиска Арабија?

Неверојатни цени на билети за последниот меч на Надал

Црна Гора за селектор го добива Динар