Српската фудбалска легенда Драган Џаиќ успешно е опериран и му следува период на рехабилитација, информираат медиумите кај нашиот северен сосед. Тој вчера беше примен на Клиниката за ортопедија во Бањица, што малку ја загрижи цела фудбалска Србија.
Сепак, операцијата на колкот успешно ја изврши д-р Зоран Башчаревиќ, воедно и шеф на клиниката. Според информациите на „Курир“, сè поминало добро и сега 76-годишниот Џаиќ треба да закрепнува одреден период.
Џаиќ е почесен претседател на Црвена звезда, а неговиот дрес со број 11 засекогаш ќе биде повлечен од употреба во овој клуб.