Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Задолжителни прегледи и мобилен мамографски скриниг во борбата со ракот на дојка

Задолжителни прегледи и мобилен мамографски скриниг во борбата со ракот на дојка
Img 7972

Владата на денешната седница, посветена на борбата со ракот на дојката, донесе одлука за воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг.

dobivaj vesti na viber

Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии да предвиди средства во Буџетот за 2023 година, за унапредување на превентивата во ова област, а утврдувањето на конкретната намена на средствата, да биде направено во соработка со Министерството за здравство.

Исто така, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, при измените во Законот за безбедност и здравје при работа и во подзаконските акти на законот, да предвиди задолжителен здравствен преглед во рамки на систематските прегледи, со цел внесување на превентивата во оваа област, како законска обврска.

На владината седница присуствуваа претставнички од невладиното Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените услуги и застапување на пациентите ЕЗРА, кои посочија дека 90 проценти од сите карциноми на дојка може да бидат излекувани, односно дека навремената дијагностика и соодветниот третман, во најголем дел спасуваат животи.

Во таа насока е нагласено значењето на отвореноста на Владата, преку конкретни чекори и политики да придонесе во подобрувањето на состојбите.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“