Утрински Весник
Македонија

Глигоров: Владата и општините да го вратат долгот кон ЈСП, за да се исплатат платите на вработените

Расправија и тепачка во автобус на ЈСП поради билет

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров на денешната прес-конференција изјави дека Владата му должи на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје 2 милиони евра, за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Тој исто така рече дека и некои општини имаат долг кон ЈСП и апелираше до истите во најкраток можен рок да ги исплатат долговите, со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието.

dobivaj vesti na viber

„ Во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари“ изјави секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров.

Тој додаде дека долговите кон ЈСП кои се бројат во милиони евра го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.

„ Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП Скопје има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски.

Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од утре среда 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП“ додаде Глигоров.

Можете да прочитате

Славески до приватните превозници: За промени на договорите, треба предлог од градоначалник на Град Скопј

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта

Перински во Словенија: Словенечките искуства значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите за нашата европска перспектива