Даниел Крег ја донесе својата 30-годишна ќерка Ела Лудон на европската премиера на филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery.
Многуочекуваниот филм на „Нетфликс“ беше прикажан на завршната гала-вечер на Филмскиот фестивал во Лондон.
Ела пристигна во црн деколтиран фустан, кој го комбинира со големи обетки. Татко ѝ, кој во филмот го портретира детективот Беноа, носи темносин костум, бела кошула и пеперутка-машна.
Ела ретко се појавува во јавност и малку се знае за нејзиниот приватен живот.
Таа е најстарото дете на 54-годишниот Џејмс Бонд од неговиот прв брак со Фиона Лудон. Двојката се разведе во 1994 година. Крег има и четиригодишна ќерка со сегашната сопруга Рејчел Вајс.
Крег (54) ја репризира улогата на итриот детектив Беноа Блан за продолжението, во кое неговиот лик патува во Грција за да разреши нова мистерија со шарени осомничени.