Утрински Весник
Свет

(Видео) Илјадници Французи на протест поради покачувањето на цените

(Видео) Илјадници Французи на протест поради покачувањето на цените

Илјадници демонстранти денеска учествуваа на маршот во Париз против зголемените трошоци за живот и владината неактивност.

dobivaj vesti na viber

Протестот беше повикан од партијата „Непокорна Франција“ на Жан-Лук Меланшон и други левичарски партии, вклучително и Европската екологија, Зелените и Социјалистичката партија, заедно со неколку француски синдикати и здруженија.

Активистите бараат повисоки плати и социјални бенефиции, вонредни даноци за енергетските компании, ограничување на сметките за електрична енергија и инвестиции во еколошки проекти.

На маршот, според новинарските извештаи, можеа да се слушнат и повици против поскапувањето на горивата и храната, како и против контроверзната пензиска реформа.

„Тука сме да ги спасиме Французите од сиромаштија. Францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја уништи нашата земја и сите јавни добра. Очигледно е дека од ноември цените на сите горива, бензините и дизелот ќе надминат три евра. Мора да дејствуваме, инаку зимава нема да имаме што да јадеме“, изјавил за дописникот на „Спутник“ еден од активистите на движењето „Жолти елеци“.

Некои учесници го споделиле своето незадоволство од зголемената воена поддршка на Франција за Украина.

„Ова е премногу, ова е безобразно. САД се обидуваат да не вовлечат во војна која не е ни наша“, изјавил еден од учесниците на протестот.

Водечките француски синдикати најавија дека ќе одржат сенароден штрајк во вторник, на 18 октомври, барајќи повисоки плати и протестирајќи против навлегувањето во правото на штрајк.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници