Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Извештајот на ЕК покажа дека власта не е фокусирана на европската агенда, нејзиниот фокус е само на лажење и крадење

Мицкоски: Извештајот на ЕК покажа дека власта не е фокусирана на европската агенда, нејзиниот фокус е само на лажење и крадење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од настанот за промовирање на весникот на УМС „Мегафон“, запрашан од новинарите за коментар за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, посочи дека со извештајот излегоа на површина лагите на власта дека се фокусирани на европската агенда.

dobivaj vesti na viber

Мискоски додаде дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.

„Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“ – истакна Мицкоски.

Тој изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.

„И се надевам дека набргу оваа Влада ќе биде веќе минато и ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која што ќе биде по амбициозна и навистина ќе го изоди како што треба патот кон полноправно членство во рамките на Европската Унија“ – рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден