Утрински Весник
Спорт

Ван Дијк: Знаеме како да го запреме Халанд

Ван Дијк: Знаеме како да го запреме Халанд

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк рекол дека знае како да го запре напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Ливерпул, викендов во дербито ќе го пречека Сити.

dobivaj vesti na viber

Халанд оваа сезона постигна 20 гола на 13 натпревари за Сити во сите натпреварувања. Во Премиер лигата на девет натпревари постигна 15 голови.

„Дефинитивно не е лесно да се игра против Халанд, кој е во неверојатна серија. Нема тука што да се каже. По Суперкупот многумина го отпишаа, но уште тогаш реков дека овој играч ќе биде кошмар за противничките одбрани. И сега тоа го покажува во континуитет, и јасно е дека во тим како Сити ќе има шанси за голови“, изјави Ван Дијк.

Тој истакна дека играчите на Ливерпул мора да ги запрат топките, кои одат кон норвешкиот напаѓач.

„Мораме да се браниме на највисоко ниво и да бидеме добри. Тоа секогаш го правиме против Сити, така што оваа недела нема да биде поинаква. Со нетрпение го очекуваме дербито и ова дефинитивно нема да биде судир меѓу мене и него, туку меѓу нас и нив. Сакаме да ги спречиме да постигнуваат голови, без разлика кој е на теренот. Знаеме дека Халанд е многу добар“, заклучи Ван Дијк.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра во недела од 17:30 часот на стадионот „Енфилд Роуд“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина