Утрински Весник
Свет

Унгарски политичар: Европа е единствена која сигурно ќе изгуби

Унгарски политичар: Европа е единствена која сигурно ќе изгуби

Начинот на кој Европа ги решава прашањата за миграцијата, семејството и родовата политика, нејзиниот одговор на ситуацијата во Украина – сето тоа не им користи на самите европски народи, вели унгарскиот политичар Балаш Орбан.

dobivaj vesti na viber

Во својата статија за Дејли Телеграф, тој ја изразува својата радост што сега на власт во Италија дојдоа конзервативците, кои многу повеќе се грижат за своите сограѓани отколку за усогласување со одредена идеологија.

Според авторот на написот, Брисел не се ни обидува да ги исполни интересите на Европејците во својата миграциска политика. Сепак, од 2015 година Унгарија се смета за „црна овца“ бидејќи систематски се спротивставува на илегалната миграција.

Балаш Орбан смета дека сите големи сили можат да добијат нешто од украинската ситуација, но Европа е единствената што сигурно ќе загуби.

– Затоа итно треба да повика на прекин на огнот и преговори. Тоа е во интерес на нашиот народ, во интерес на Европа – изјави тој,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина