Бред Пит се отвори за создавањето уметност додека се справува со лични превирања.
Во новото интервју за „Фајненшл тајмс“, актерот зборува за изработката на свои скулптури, кои се прикажани заедно со делата на негови долгогодишни пријатели – австралискиот музичар Ник Кејв и британскиот уметник Томас Хаусаг – на изложбата во Музејот на уметност „Сара Хилден“ во Тампере, Финска.
Во месеците по разделбата со Анџелина Џоли во 2016 година, Пит (58) помина извесно време работејќи на скулптури во уметничкото студио на Хаусаг во Лос Анџелес, и во меѓувреме двајцата се поврзале поради тешкотиите во нивниот живот.
„Нашата заедничка беда стана комична. И од оваа беда излезе пламен на радост во мојот живот. Отсекогаш сум сакал да бидам скулптор, отсекогаш сум сакал да се обидам,“ рече Пит за своето време со уметникот.
Според „Асошиејтед прес“, на изложбата првично требало да бидат прикажани само делата на Хаусаг, но уметникот го убедил музејот да ги вклучи делата на Пит и керамичките фигурини на Кејв. Девет од скулптурите на Пит се вклучени во изложбата, меѓу нив и Aiming At You I Saw Me But It Was Too Late This Time (Целејќи кон тебе, се видов самиот, но овој пат беше предоцна“), осум фигури на големо парче на кое се прикажани раце, нозе и лица кои се обидуваат да пробијат структура со големина на ковчег.
„Се е до саморефлексија. За мене, овие скулптури се родени од сопственоста на она што јас го нарекувам радикалнa самоинвентура, навистина брутална искреност со себе и земајќи ги предвид оние што можеби сум ги повредил“, изјави Бред за „Фајненшал тајмс“.
Актерот подоцна отворено зборуваше за својата еволуција и како визуелен уметник и како филмски режисер – и како сето тоа се поврзува со неговото чувство за самосвест.