Утрински Весник
Спорт

Во понеделник почнува судењето на Нејмар за трансферот во Барса, се бара 5 години затвор!

Во понеделник почнува судењето на Нејмар за трансферот во Барса, се бара 5 години затвор!

Бразилската фудбалска суперѕвезда, Нејмар следната недела ќе мора да се појави пред судот во Барселона да одговара на обвинувањата за измама за неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година, случај во кој бразилската инвестициска компанија „ДИС“ бара 5-годишна затворска казна за фудбалерот.

dobivaj vesti na viber

Покрај Нејмар, обвинети за измама од страна на шпанските обвинители на судењето кое почнува во понеделник се и неговите родители, двата клуба, поранешните претседатели на Барса, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот претседател на Сантос, Одилио Родригеш. Компанијата „ДИС“ поседувала 40 отсто од правата на Нејмар додека тој бил фудбалер на Сантос, но тврдат дека не добиле вистински процент од продажбата бидејќи двата клуба вештачки ја намалиле цената. „ДИС“ покрај затвор за Нејмар, бара и затворска казна за Росел и Бартомеу, како и казна од 149 милиони евра.

Барселона тогаш објави дека трансферот на Нејмар чинел 57.1 милиони евра, од кои 40 милиони евра биле платени на семејството на Нејмар, додека Сантос добиле 17.1 милиони евра, од кои само 40 отсто отишле кај „ДИС“.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари