Утрински Весник
Спорт

Ди Марија се враќа за дваесетина дена

Ди Марија се враќа за дваесетина дена

Фудбалерот на Јувентус, Анхел ди Марија, ќе отсуствува од терените околу 20 дена поради повреда на тетивата, соопшти денеска италијанскиот клуб. Од прегледите било откриено дека се работи за мало оштетување на тетивата на десната натколеница и дека на фудбалерот ќе му требаат околу 20 дена да закрепне.

dobivaj vesti na viber

Ди Марија се повреди во вторникот на натпреварот против Макаби Хаифа (0:2) во Лигата на шампионите. Се очекува да закрепне навреме и да биде во составот за Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември.

Аргентина ќе игра во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ