Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: ЈО да отвори постапка, дали Ковачевски е дел од злосторничко здружение во соларниот картел тежок 26 милиони?

(Видео) Лефков: ЈО да отвори постапка, дали Ковачевски е дел од злосторничко здружение во соларниот картел тежок 26 милиони?

„ЈО да отвори постапка, дали Ковачевски е дел од злосторничко здружение во соларниот картел тежок 26 милиони евра? ЈО не смее да ги игнорира фактите кои говорат дека премиерот е во центарот на аферата ‘Броило’, во која откако е СДС на власт се свртени 26 милиони евра. ЈО мора да отвори постапка и да ги истражи фактите“ порача денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

Лефков вели дека „Ковачевски со кумот Паунов ја основа Пиксел груп, 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година. За само година дена тие отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели. Во целиот период од 2019 до 2021 година Пиксел груп зема државна помош. Скоро половина милион евра од владата, и над 70 илјади евра од ФИТР. Во половина од времето Ковачевски е или заменик-министер или мандатар за состав на нова влада“.

„Најголемата сума на државна помош, од над 200 илјади евра фирмата добива ден откако Ковачевски е избран за мандатар. Во целиот период од 2018 до 2022 година кумот на Ковачевски, со кој се основачи на Пиксел груп, преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар зема скоро 2 милиони евра државни тендери. Тендерите се за поставување на фотоволтаични панели. Тие монтираат, Пиксел груп произведува“, вели Лефков.

Можете да прочитате

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост

Вкупно 20 пожари до 19 часот!

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“