Утрински Весник
Магазин

Интервју со Канје Вест прекинато поради говор на омраза

Интервју со Канје Вест прекинато поради говор на омраза

Претстојната епизода од ток-шоуто на Јутјуб, The Shop: Uninterrupted е повлечена откако Канје Вест, наводно, користел говор на омраза и екстремно опасни стереотипи во едно интервју, дознава Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Ваквиот потег дојде откако се покажа дека раперот споделил низа коментари засновани на расистички теории на заговор во одвоено интервју за „Фокс њуз“.

„Фокс“ ги отстрани тие сегменти пред емитувањето, но снимката протече на технолошката веб-страница Motherboard.

Вест не го коментираше ниту едниот ниту другиот случај.

Раперот, кој го смени своето име во Је, но медиумите сè уште го користат претходното, Канје, пред извесно време беше суспендиран од „Инстаграм“ и „Твитер“ поради постирање антисемитски коментари.

Можете да прочитате

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија