Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид сака да го раскине договорот со Азар

Реал Мадрид сака да го раскине договорот со Азар

Реал Мадрид сака да го раскине договорот и да се раздели со играчот од средниот ред Еден Азар, пренесува „Ел национал“. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, е подготвен да го раскине договорот со 31-годишниот Белгиец за да го олесни буџетот за плати.

dobivaj vesti na viber

Раководството на „кралевите“ донело ваква одлука поради односот на Азар кон тренажниот процес. Токму поради ова и тренерот Карло Анчелоти многу малку му дава шанса за настап.

Договорот на Еден Азар истекува во летото 2024 година. Реал Мадрид го ангажира од Челси во 2019 година за фантастични 115 милиони евра.

Азар има пет настапи за клубот оваа сезона, со ефект од еден гол и една асистенција.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе