Утрински Весник
Македонија

Петровска–Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка

Петровска–Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска во Брисел се сретна со министерката за одбрана на Португалија, Хелена Кареирас со која разговараше за потенцијалот за развој на одбранбената соработка со Португалија, за што се очекува наскоро да биде потпишан и Договор за соработка во одбраната.

dobivaj vesti na viber

„Потпишувањето на првиот договор за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Португалија кое го очекуваме наскоро, ќе ни биде нашиот патоказ како силно да ја развиеме сојузничката соработка помеѓу Северна Македонија и Португалија“, рече министерката Петровска.

Таа порача дека Северна Македонија е активен сојузник во Алијансата и дека земјата е посветена на зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност, преку учеството во мисијата на НАТО на Косово, како и во мисијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина.

Министерката Кареирас истакна дека земјите со веќе усогласениот текст на Договорот за соработка го направија првиот чекор кон развојот на одбранбената соработка и дека таа има голем потенцијал за развој во иднина.

Можете да прочитате

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

ДУИ: Осуда за дискриминаторските практики при вработувањето во ЦУК

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места