Килијан Мбапе е на насловните страници во последните 24 часа, откако се појави информацијата дека тој повторно е незадоволен и дека сака во зимскиот преоден рок да го напушти ПСЖ.
Мбапе не бил задоволен од позицијата на која игра. Му пречело што во тимот нема вистинска „деветка“, со која за него би се отворал поголем простор.
Наводно, поради тоа Мбапе летово инсистирал да биде донесен Роберт Левандовски, а нејмар да го напушти клубот. Левандовски не дојде во Париз, Нејамр остана во клубот, поради што Кристоф Галтиер балансот во тимот го пронајде со формацијата 3-4-1-2.
Незадоволството на Мбапе го коментираше и легендарниот Тиери Анри.
„Ќе го раскажам ова преку мојата приказна. Не ми се допаѓаше да играм крило во Барселона. Поточно, го мразев тоа. Но сепак го правев тоа за тимот. Има едно правило – ако шефот побара нешто од тебе и ако е добро за тимот, тогаш тоа морате да го направите. Ако случајно не е добро за тимот, тогаш би се расправал со тренерот, но тоа не беше случај во мојата ситуација“, рече Анри. .
Французинот на тој начин потсети на познатата сезона 2008/09 во која Барселона ја освои тројната круна. Анри беше прекомандуван во левото крило, Самуел Ето играше како напаѓач, а Лео Меси на десното крило. Тројцата постигнаа точно 100 гола таа сезона и ја освоија Ла Лига, Лигата на шампионите и Копа дел Реј.