Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Играчите на Рома го почувствувале бесот на Мурињо

Играчите на Рома го почувствувале бесот на Мурињо
Img 7972

„Уште еден испад. Неспоредлив со испадот по натпреварот што го имаше во Бодо или Милано, но значаен и остар. Мурињо е бесен поради тоа како игра неговиот тим“, пишува „Кориере дело Спорт“ и додава дека португалскиот стручњак не е задоволен.

dobivaj vesti na viber

Во моментов Рома е шестата екипа во италијанскиот шампионат со четири бода помалку од лидерот Наполи.

Во Лига Европа имаат една победа и два порази и се на третото место во групата во која се уште Бетис, Лудогорец и Хелсинки.

Испадот за кој пишува „Кориере дело Спорт“, се случил минатиот четврток, по поразот од Бетис (1:2).

„За мене е неприфатливо да губам вака. Низ кариерата ретко сум губел дома и немам намера да почнам сега тоа да го правам. Можеби не ви е важно, но мене ми е“, им рекол меѓудругото Мурињо на своите играчи.

Се зборува и дека тој ја пофалил вредноста на Бетис и се надевал дека ќе предизвика реакција кај своите играчи. Наместо тоа, во следниот натпревар Рома се мачеше да слави против Лече, кој од 22. минута играше со играч помалку.

„Можеби го заборавив италијанскиот јазик низ годините, не можам да си го објаснам ова бидејќи играме спротивно од она што го се договоривме“, изјави тој по натпреварот со Лече.

Можете да прочитате

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни