Утрински Весник
Спорт

„Убеден сум дека Мбапе не е ни блиску до заминување“

„Убеден сум дека Мбапе не е ни блиску до заминување“

Приказната дека Килијан Мбапе е несреќен и сака да го напушти Пари Сен Жермен, само неколку месеци по потпишувањето на новиот договор, е централна тема во француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, кој заврши 1:1 и на кој Мбапе го постигна водечкиот гол за ПСЖ од пенал, на оваа тема проговори и тренерот на Паризиен Кристоф Галтие.

„Килијан беше максимално фокусиран на натпреварот. Ние само зборувавме за тоа. Убеден сум дека Мбапе не е ни блиску до заминување. Сè и сешто се пишува. Гласините стануваат вест, вестите стануваат извештаи и сето тоа се случува пред еден многу важен натпревар за нас. Ништо не е случајно“, рече Галтие.

Во ист тон зборуваше и Серхио Рамос, дефанзивецот на ПСЖ.

„Јас сум одличен пријател со Килијан. Тој е среќен овде. Не сакаше да си оди лани, нема да оди ни сега. Не верувам во шпекулации и не читаме весници“, изјави Рамос.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија