Утрински Весник
Спорт

Вориорс нема да го казнат тепачот Грин

Вориорс нема да го казнат тепачот Грин

Дрејмонд Грин, крилниот центар на Голден стејт Вриорс, нема да биде суспендиран од тимот откако минатата недела на тренинг физички се пресмета со соиграчот Џордан Пул.

dobivaj vesti na viber

Ова е одлука на клупското раководство и тренерот Стив Кер. Грин в четврток ќе се врати на тренинзите, а в петок се очекува да настапи на претсезонскиот меч против Денвер.

Пред да биде донесена конечната одлука, биле одржани неколку состаноци, меѓу другото, Грин и Пул разговарале меѓу себе со посредство на првата ѕвезда на тимот Стеф Кари.

„Ова беше најголемата криза откако тој пристигна во Голден стејт. Имавме сериозен проблем. Ниту една организација не е совршена, вклучително и нашата. Сепак, мораме да продолжиме понатаму заедно, за доброто на целиот тим. Решивме дека нема да има казни. Убеден сум дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори“, изјави тренерот на актуелните шампиони, Стив Кер.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига