Утрински Весник
Спорт

Директорот на АТП: Надал секогаш се жалеше

Директорот на АТП: Надал секогаш се жалеше

Директорот на АТП, Андреа Гауденци ја коментираше можноста шпанскиот тенисер Рафаел Надал да го пропушти завршниот Мастерс.

dobivaj vesti na viber

Надал никогаш не го освоил завршниот Мастерс во сезоната, на кој учествуваат најдобрите осум тенисери во сезоната. Најблиску до трофејот беше во 2010 и 2013 година кога во финалето подобри од него беа Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

„Не знам. Се надевам дека ќе дојде. Според мене ќе го направи тоа, бидејќи никогаш не го освоил овој турнир. Освои се останато, но сепак му недостига завршниот Мастерс. Секогаш се жалеше дека се игра на тврди подлоги, а не на земјена подлога. Во право е, но тоа е неизбежно со оглед на распоредот. Во секој случај, знам дека тоа е турнир кој би сакал да го освои по секоја цена, бидејќи тоа е единствената важна титула што му недостига“, изјави Гауденци. за „Убитенис“.

Неговиот настап во Торино се уште не е сигурен со оглед на тоа дека има проблем со повредата.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026