Утрински Весник
Спорт

Клановска поделба во соблекувалната на ПСЖ, Рамос ја држи страната на Мбапе

Клановска поделба во соблекувалната на ПСЖ, Рамос ја држи страната на Мбапе

Француските и шпанските медиуми повторно се занимаваат со клановите во соблекувалната на ПСЖ. Ситуацијата е добро позната од претходно и главен проблем е Килијан Мбапе. Помеѓу него, Нејмар и Лионел Меси нема хемија во соблекувалната, иако на теренот се обидуваат да делуваат синхронизирано, пишува шпанска „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Челниците на ПСЖ добро ја знаат ситуацијата. Нејмар и Меси имаат одлични односи уште од Барселона, а Мбапе не може да го поднесе Нејмар. Сите тројца сакаат да дојдат во топ-форма на Мундијалот во Катар, поради тоа на теренот тројцата заедно функционираат, но не етајна дека Мбапе со однесувањето ги нервира Аргентинецот и Бразилецот.

Медиумите тврдат дека хармонијата помеѓу ѕвездите на ПСЖ ќе трае до Мунсијалот во Катар и дека никој не знае што ќе се случува кога ќе се вратата во клубот по завршувањето на СП.

Она што не му оди во прилог на Мбапе е фактот што Нејмар, а особено Меси сезонава се во одлична форма.

Наводно Мбапе не бил сам во оваа борба, му се приклучил ек-капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Рамос наводно е поблизок до кланот на Мбапе отколку до оној во кој се Меси и Нејмар.

Јужноамериканскиот клан ослабе со заминувањето на Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Мауро Икарди и Андер Ерера, но сепак е силен бидејќи го сочинуваат Меси и Нејмар.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026