Утрински Весник
Македонија

МВР поднесе пријава за човекот кој фрли предмет кон бугарскиот клуб во Охрид

МВР поднесе пријава за човекот кој фрли предмет кон бугарскиот клуб во Охрид

Мажот кој фрли со предмет кон бугарскиот клуб во Охрид со контроверзно име „Цар Борис Трети” ќе добие пријава. Демонстрантите се судрија со полицијата за да не биде уапсен, но сепак, полицајците успеале да го идентификуваат.

dobivaj vesti na viber

„Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир. Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место фрли  предмет кон одредена група граѓани. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир”, велат од СВР Охрид.

Дофрлања и провокации имаше и од балконот на клубот, каде што стоеја гостите. Полицијата застана пред седиштето на клубот и побара гостите да се тргнат од пред демонстрантите за да не ја загреваат атмосферата со цел да се спречи поголем инцидент.

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!