Утрински Весник
Македонија

228 казнети возачи во Скопје

228 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите

Филипче: Мицкоски изгради ѕид околу Македонија – сега буди меѓуетнички тензии