Утрински Весник
Магазин

Пцовиса најстарото куче на светот

Пцовиса најстарото куче на светот
Ss2

Женката териер Пеблс – најстарото куче на светот, пцовиса оваа недела на 23-годишна возраст, во југоисточниот дел на САД, објави Гинисовата книга на рекорди.

dobivaj vesti na viber

„Пеблс, најстарото куче на светот, за жал пцовиса, природно и мирно, дома и опкружено со своето семејство“, напишаа нејзините сопственици на Инстаграм.

Ss1

Таа е родена на 28 март 2000 година во Лонг Ајленд, Њујорк и претежно живеела во државата Јужна Каролина. Со својата мала градба и тежина од 2 килограми, Пеблс во својот живот родила 32 кученца.

Пеблс беше прогласен за најстарото куче на светот во мај 2022 година, за време на посетата на експерти од Гинисовата книга, институција која запишува рекорди во сите области.

Според нејзината сопственичка Џули Грегори, Пеблс сакала кантри музика.

Таа пцовиса пет месеци пред нејзиниот 23-ти роденден.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август