Утрински Весник
Свет

„Форбс“ тврди дека околу милион луѓе ја напуштиле Русија за две недели; Москва негира

„Форбс“ тврди дека околу милион луѓе ја напуштиле Русија за две недели; Москва негира

Речиси милион луѓе ја напуштиле Русија од почетокот на мобилизацијата на 21 септември, пишува руското издание на „Форбс“, повикувајќи се на извор запознаен со проценките на Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Друг соговорник на „Форбс“ рече дека Русија ја напуштиле меѓу 600.000 и 700.000 луѓе и додаде дека е невозможно да се пресмета колку луѓе ја напуштиле земјата за туристички цели.

Веднаш по прогласувањето на мобилизација, се формираа редици на руските гранични пунктови.

Најпознат е на контролниот пункт Горњи Ларс на руско-грузиската граница, каде луѓето чекаа во ред четири или пет дена, често без храна и вода. Редици се формираа и на граничните премини на руско-казахстанската граница.

Портпаролот на Путин: Мириса на новинарска патка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли наводите на Форбс, велејќи дека Кремљ не го знае точниот број на луѓе кои ја напуштиле земјата, но дека е далеку од објавената бројка.

„Мириса на новинарска патка. Не знам ни што е руската издавачка куќа Форбс. Дали е објавена или не, дали воопшто постои таа издавачка куќа…“, рече Песков.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска