Утрински Весник
Спорт

Конечно добра вест за Чави: Френки де Јонг ќе игра против Селта

Конечно добра вест за Чави: Френки де Јонг ќе игра против Селта
Dik 300x250 mk

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, ќе биде достапен за тренерот Чави за натпреварот против Селта следниот викенд. Холанѓанец го истегна мускулот за време на обврските со репрезентацијата и поради тоа ги пропушти натпреварите против Мајорка и Интер.

dobivaj vesti na viber

Сепак, тој веќе тренира со максимален ритам и ќе може да игра против Селта. Така тренерот Чави конечно доби добри вести, откако дури седум играчи се здобија со различни повреди во последниот период.

Поради големиот број  отсутни дефанзивци, можно е Де Јонг да биде искористен дури и како централен дефанзивец, што се случи веќе еднаш за време на претсезонските тестови на Барселона.

Можете да прочитате

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино