Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Казна или ќе го уништиме интегритетот на Формула 1

Хамилтон: Казна или ќе го уништиме интегритетот на Формула 1
Dik 300x250 mk

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон го даде своето мислење за истрагата на ФИА за минатогодишното кршење на буџетот во Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, најмногу на удар е Ред Бул, кој наводно го надминал буџетот за повеќе од десет милиони евра. ФИА најави дека резултатите од истрагата ќе ги објави во понеделник на 10. октомври.

„Поради транспарентноста е важно да се знае сè. Мора да се знае за да се зачува интегритетот на спортот. И секако тие што го направиле тоа треба да бидат казнети. Затоа што правилата постојат за да се почитуваат“, изјави Хамилтон.

Во последната сезона, во последната трка од шампионатот, Хамилтон остана без осмата титула во директна пресметка со Верстапен. На крајот разликата беше седум поени во корист на Холанѓанецот. Доколку Ред Бул биде казнет со одземање поени, Британецот би можел да стигне до својата осма титула надвор од патеката.

„Секој обид да се забрза автомобилот чини пари. Тоа го направивме минатата сезона во Силверстоун, а некои продолжија да го прават тоа постојано. Па како тогаш можете да ги победите? Тоа не е според правилата. Горд сум на мојот тим, кој заврши одлична работа во рамките на можностите што ги имавме“, заклучи Хамилтон.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен