Утрински Весник
Свет

Шолц: Самитот во Прага е важен за мирот и просперитетот на Европа

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата
300x250 (7)

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пред почетокот на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага истакна дека ова е голема иновација, која треба да придонесе за мирот, безбедноста и просперитетот на Европа.

dobivaj vesti na viber

Шолц истакна дека е добро што покрај сите состаноци што постојат во ЕУ, во рамките на ОБСЕ, Советот на Европа и другите институции, е воспоставен нов формат во кој лидерите на цела Европа имаат можност да го поминат целиот ден, без притисок на агенда и обврска за заклучоци, да разговараат за иднината на Европа.

Img 5587

Средбата е добра и затоа што ЕУ може да ги подобри односите со соседите, од кои некои се веќе на пат кон Унијата.

Тој посочи дека оваа средба не може да се одржи без да се фокусира на ситуацијата во врска со Украина.

„Добро е што сите на различни начини ја поддржуваме Украина и верувам дека тоа е видливо за сите што дојдоа, знак дека рускиот напад врз Украина е брутално кршење на меѓународниот мировен поредок. Затоа е важно да не ја прифатиме таа агресија и да биде припоен дел од соседната земја, како и никогаш да не признаваме привидни референдуми“, нагласи Шолц.

Тој посочи дека е важно да се ограничат последиците од војната за светската заедница, бидејќи како што нагласи, станува збор за состојбите во Азија и Африка, кои, посочувајќи дека е добро што се овозможува извоз на жито.

„Се работи и за прашањето како да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија, но и да се намалат цените. И ќе мора да паднат. Ќе разговараме за тоа денеска и утре“, најави Шолц. Тој посочи дека не станува збор за создавање нова институција со бирократија, туку за платформа која на лидерите им дава можност за неформален разговор.

„Не би било погрешно, покрај сите постоечки институционални структури, да се додаде уште една“, подвлече Шолц,пренесуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања