Утрински Весник
Македонија

Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира

Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, Шанса за Центар, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми.

dobivaj vesti na viber

„За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба“ стои во реакцијата на Општина Центар.

Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области“ велат од општината.

Можете да прочитате

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите 

Одбележување на 30 години дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави