Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Во време кога Ковачевски бил заменик министер за финансии, фирмата на неговиот кум склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра

(Видео) Лефков: Во време кога Ковачевски бил заменик министер за финансии, фирмата на неговиот кум склучила договор со ЕВН од над 2 милиони евра
Ss2

Денес ќе презентираме нови фрапантни сознанија за аферата броило и за соларниот картел, како и за трговијата на влијание на Димитар Ковачевски. Како соларниот картел во аферата Броило вртел милиони ќе објасниме и преку денешниот случај. Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра. Соларниот профитер Ковачевски заработува суми на пари додека народот осиромашува, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додава дека фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра.

300x250 (7)

Лефков истакна дека договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата.

Лефков наведе дека дополнително треба да се нотира дека фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.

На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН.

Дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш. Ковачевски е фатен во центарот на соларен картел, како преку аферата Броило се свртени 26 милиони евра,изјави Лефков.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово