Утрински Весник
Свет

Напад на синагога во Хановер за време на служба, внатре имало 200 луѓе

Напад на синагога во Хановер за време на служба, внатре имало 200 луѓе
Dik 300x250 mk

За време на најголемиот еврејски празник, Јом Кипур, беше извршен напад на синагога во Хановер. Во моментот на нападот во синагогата имало од 150 до 200 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Според весникот „Хановеранише алгемејна“ (ХАЗ), за време на богослужбата синоќа околу 19 часот непознати лица фрлиле тврд предмет кон прозорецот на синагогата. Кон крајот на богослужбата присутните слушнале кршење стакло, а на прозорецот висок шест метри здогледале дупка.

Претседателот на еврејската заедница Мајкл Фирст изјави дека напаѓачите морале да влезат во областа околу синагогата. Тој додаде дека ова е првпат такво нешто да се случи во Хановер. Додал дека сè укажува на тоа дека некој ја прескокнал оградата за да го изврши нападот.

„ Тоа не би можело да се деца“ – рекол Фирст.

Инаку, Евреите во Германија сè уште се сеќаваат на атентатот во Хале пред три години на истиот празник, кога тешко вооружениот, десничарски екстремист Стефан Балиет се обиде да изврши крвопролевање во синагогата.

Тој фрли запаливи направи и експлозиви низ прозорецот на синагогата, го затвори прозорецот и уби случаен минувач пред синагогата.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа