Утрински Весник
Економија

Македонија и Украина потпишаа договори за слободна трговија и обезбедување храна

Македонија и Украина потпишаа договори за слободна трговија и обезбедување храна
Dik 300x250 mk

Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Одлуките ги потпишуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.

За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Северна Македонија за силната и недвосмислена поддршка за Украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.

Премиерот Денис Шмахил се заблагодари на нашата делегација предводена од премиерот Ковачевски за неизмерната поддршка што Република Северна Македонија ја дава за Украина.

Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент.

Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји.

Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи.

Со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Северна Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Северна Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица