Утрински Весник
Македонија

100 санкции за брзо возење

141 сообраќајни прекршоци во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите