Утрински Весник
Македонија

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Вработени во јавно претпријатие се тепале на паркинг

Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, У.С.(45) од с. Селемли, општина Богданци, пријавил дека се договорил со Б.А., сопственик на фирма на „Кванташки пазар“ во Скопје, да се видат и да ги надминат недоразбирањата што ги имаат нивните фирми околу плаќање стока.

dobivaj vesti na viber

Според МВР, У.С. дошол пред канцеларијата на Б.А., кој излегувал и му рекол да го почека во просториите на фирмата, каде две лица со закана го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол

ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за нас, велат од СДСМ