Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли со нови обвинувања против Бред Пит

Анџелина Џоли со нови обвинувања против Бред Пит

Анџелина Џоли во вторникот поднесе пријава против поранешниот сопруг Бред Пит за насилно однесување, со што се ескалира правната битка за француската винарија што некогаш беше во заедничка сопственост, откривајќи нови детали за распадот на нивниот брак.

dobivaj vesti na viber

Во поднесокот до судот во Лос Анџелес, таа тврди дека Пит се обидел да ја услови продажбата на нејзиниот удел во винаријата со договор за необјавување информации што би ѝ забранило јавно да расправа за неговото физичко и емоционално малтретирање врз неа и нивните деца.

Џоли опишува случка во текот на лет со приватен авион во септември 2016 година, каде што Пит, наводно „ја фатил за глава и ја тресел пред да ја турне во ѕидот на бањата“. Пит, исто така, „гушел едно од децата и удрил друго во лице“, се наведува во пријавата.

Адвокатите на Пит не одговорија веднаш на ваквите наводи.

Овој потег води кон противтужба на тужбата на Пит од февруари,  против неа и нејзината поранешна компанија. Пит тврди дека продажбата на нејзиниот удел во замокот-винарија Шато Миравал во Франција во септември 2021 година на компанија за пијалоци била незаконска бидејќи парот се согласил дека никогаш нема да ги продадат своите удели без согласност на другиот.

Џоли во својот поднесок од вторникот тврди дека таков договор не постоел и дека Пит одбил да го откупи нејзиниот дел освен ако таа не се согласи да не открива ништо во врска со неговото однесување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста