Утрински Весник
Македонија

Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката

Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката

Министерството за образование и наука согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард, и обезбедување на учебници во Република Северна Македонија, а во насока на градење на јавни и транспрентни политики во образованието, со поддрша од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката.

dobivaj vesti na viber

Со работата на Советот ќе претседава Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на Претседателот на Владата Артан Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.

МОН соопшти дека ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството.

„ Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните.

Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење“ додава МОН.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!