Утрински Весник
Економија

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Менаџментот на „Адора инженеринг“ соопшти дека добил цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи, ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе ѝ бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите.

dobivaj vesti na viber

„ Адора инженеринг“ во интерес на граѓаните склучи краткорочен договор за закуп на топланите Исток и Запад со ЕСМ АД, кој важи од денеска до 30 април 2023 година, кој е на штета на компанијата од 550.000 евра на годишно ниво.

„Адора инженеринг“ со фактот што ги прифати условите за закупнина од страна на ЕСМ АД дава огромен придонес, односно изврши еден вид субвенционирање на топлинската енергија за ублажување на енергетската криза во земјава, додаде компанијата.

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром