Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Со целосна вклученост на сите ќе имаме успешни преговори

Маричиќ: Со целосна вклученост на сите ќе имаме успешни преговори
Ss2

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска одржа работен состанок со шефовите на делегациите на ЕУ во земјава, прв откако Северна Македонија ги отвори преговорите со Европската Унија, на кој беше посочено дека Северна Македонија има капацитет да биде успешна европска приказна.

dobivaj vesti na viber

-Поставивме амбициозна цел да бидеме подготвени за влез во Унијата до 2030 година и ве уверувам дека оваа Влада е целосно посветена на тоа. Знаеме дека нема секогаш да биде лесно, но верувам дека ако сите вложиме соодветни напори, тоа е изводливо, истакна на состанокот главниот преговарач со Унијата, Маричиќ.

Ss1

Шефовите на делегациите на ЕУ во земјава го поздравија почетокот на првата фаза од преговорите, скрининг процесот, и потврдија дека Северна Македонија е на добар пат да обезбеди добра динамика и успешен тек на преговорите.

Маричиќ посочи дека одлуката на Советот на Европската Унија за усвојување на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, како и организацијата на првата Меѓувладина конференција, во јули годинава, не само што е уште една клучна пресвртница во нашите односи, туку и потврда на ЕУ перспективата на нашата земја.

-Оваа одлука, исто така, треба да се сфати и пренесе како позитивен сигнал за целиот регион дека процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан останува приоритет за ЕУ, без оглед на тековните глобални предизвици како што е војната во Украина, енергетската и економската криза, рече Маричиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Филипче: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Сиљановска – Давкова: Да запре еколошкиот и урбанистички хаос во Маврово!