Утрински Весник
Магазин

(Видео) Рајан Гослинг е најновата муза на „Гучи“

(Видео) Рајан Гослинг е најновата муза на „Гучи“
Img 5587

Рајан Гослинг е официјално следниот убав холивудски фраер што ќе биде заштитно лице на најновата кампања на Гучи, „Валиџерија“.

dobivaj vesti na viber

Американскиот актер ги следи стапките на Џаред Лето, Хари Стајлс и Лана дел Реј, кои се појавија како амбасадори на италијанскиот луксузен бренд.

Ss1

Најновата кампања се фокусира на патна опрема.

Гослинг позира со разни патни торби и куфери од колекцијата на „Гучи Савој“ пред фотоапаратот на фотографот Глен Лучфорд.

Иако парчињата и облеката се од колекцијата на „Гучи“ за пролет 2022 година, поставката на кампањата е инспирирана од патувачката естетика од 70-тите.

На една од фотографиите Гослинг се гледа како го турка багажот со амблем „Гучи“ облечен во костум, а на друга седи во задниот дел на стар автомобил и носи хавајска кошула.

На други снимки од кампањата Гослинг се чини дека е во мотел со својот багаж „гучи“ и убива време со телефонски повици.

Ss1

Можете да прочитате

Вратете го сјајот на вашата коса со оризова вода

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена