Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган објавија нови фотографии два дена по кралскиот портрет од кој беа изоставени

Хари и Меган објавија нови фотографии два дена по кралскиот портрет од кој беа изоставени

Принцот Хари и Меган објавија нови фотографии од самитот за млади лидери „Еден млад свет“ два дена по официјалниот портрет на кралот Чарлс со Камила, Вилијам и Кејт.

dobivaj vesti na viber

Кралот Чарлс и Камила позираа со принцот и принцезата од Велс во текот на настанот што се одржа во Манчестер, а војводата и војвотката од Сасекс Хари и Меган споделија нови фотографии само два дена по објавувањето на кралскиот портрет.

На првата фотографија, Меган во црвена блуза и панталони во иста боја позира покрај Хари, додека на втората црно-бела фотографија се гледа парот од поинаков агол.

Фотографиите од Сасексови ги направи познатиот фотограф Мисан Хариман, кој ги објави синоќа на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Трилече – мек и сочен десерт со карамел

Пет знаци на емоционална манипулација во врска

Кој ќе биде новиот „007“?